Градоначалникот Блерим Сејдиу затворањето на подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во Желино го нарекува политички реваншизам на ДУИ.
„Само што дојде на чело на оваа институција друг директор од Демократската унија за интеграција и ова нè тера јавно да прашаме дали ова е политички и институционален реваншизам со тоа што еднострано се затвора и нема ниту една причина за раскинување на овој претходно склучен договор меѓу двете државни институции. Во однос на оваа дисперзиска канцеларија, ние како општина ги приспособивме и ги исполнивме сите технички и функционални услови со единствена цел на нашите граѓани да им обезбедиме поефикасни, полесни и навремени услуги“, вели Блерим Сејдиу.
Но, првиот човек на Агенцијата за вработување во Тетово, Абдилџељал Јонузи, вели дека причината за затворањето на канцеларијата во Желино е поради слабиот интерес на граѓаните.
„Причините поради кои таа канцеларија беше затворена беа тоа што фреквенцијата на селаните кои живеат во општина Желино, заедно со тие од околината, беше толку мала и интересот за користење на таа канцеларија беше минимален, за тоа зборуваат фактите, секој ден беше ангажиран персонал кој ја држеше канцеларијата отворена 5-6 месеци од 1 октомври до 5 март 2022 година, и за цело тоа време имало едно или две лица кои ја искористеле дисперзираната канцеларија на Агенцијата за вработување во Желина“, посочи Абдилџељал Јонузи.
Општина Желино има над 30.000 жители, меѓу кои и селото Дервен во Полошкиот регион. Подрачното одделение на агенцијата во Желино беше отворено во време кога директор на Агенцијата за вработување беше кадар од редовите на Движење Беса, партија од која доаѓа и градоначалникот на Желино. И во општина Јегуновце беше отворена канцеларијата на Агенцијата за вработување, но и тука се затвори.
