Затвореник од Идризово преку телефонски повик во емисијата „Јави се во 21“ се пожали дека има здравствени проблеми и му е потребна операција, но, како што тврди, не добива медицинска помош.
Затвореник: Ова е затворот Идризово, имам напишано писма за операција, не ме праќаат на операција, не знам што се случува овде.
ТВ21: Дали сте поднеле барање до затворската управа да ве однесат во болница?
Затвореник: Поднесов барање до управата на затворот, побарав насекаде. Поднесов барање до суд да се направи ова приватно, не ми дозволија да одам на приватна операција.
Од друга страна, заменик-директорот на затворот, Наим Љамалари, негира дека затворениците не добиваат здравствена грижа. Тој вели дека затвореникот бил два пати испратен во клиничкиот центар, но самиот одбил понатамошно лекување.
–Тој одбил да се лекува со самофинансирање во приватни клиники, што е забележано во лекарскиот извештај. Истото лице со лекарски извештаи побарало од судот укинување на казната, што судот го одбил на 07.12.2024 година. Во текот на неделата, лекарот ќе се обиде да најде термин за да се испрати во клиничкиот центар, вели Наим Љамалари, заменик директор на затворот.
ТВ21 побара одговор и од Народниот правобранител дали се запознаени со случајот и какви мерки ќе бидат преземени, но до затворањето на ова издание, одговор не добивме.
Дополнително, до нашата редакција пристигнаа фотографии кои ја прикажуваат состојбата во тоалетите на затворот Идризово, кои, според испраќачите, се во ужасна состојба.
