Затворените дуќани, без алтернатива – бараат од Владата да им ги субвенционира платите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните стојат пред излозите, но нема кој да ги услужи бидејќи бутиците се затворени.

Единствениот отворен бутик беше овој што продава античка облека, но и тој вели дека излегол на два часа бидејќи нема работа.

Не сакаше да даде изјава, но зад камерата ни кажа дека и во другите денови Чаршијата изгледа вака.

Изолацијата на граѓаните велат дека влијае на нивната работа бидејќи нема купувачи.

„Освен во Старата Чаршија, помалите дуќани се затворени и во Центарот на Скопје. Иако денеска е недела, оваа состојба се гледа и преку неделата“, вели репортерот на ТВ21.

Затворањето на помалите дуќани ги натера сопствениците да побараат помош од Владата.

Бараат да им ги исплати платите за следните три месеци.

Тие инсистираат да им се прифатат барањата, независно од најавите дека во буџетот ќе фалат 1.2 милијарди евра.

Недостигот од средства во буџетот според универзитетскиот професор, Изет Зеќири е непотребна паника. Преку напис на Фејсбук Зеќири рече дека “Не е алармантна работата со буџетот, колку што ја прават челниците на државата, вели дека целта е да не се следат земјите од регионот во мерките за директна поддршка на економијата“.

Според статистиките кои ги даде професорот, во Северна Македонија во текот на јануари и февруари реализацијата на приходи била многу добра, а најлошото сценарио според него ќе започне од март.