Затвореници планирале бегство од затворот во Атина – уапсени 20 лица, сакале да земат и заложник!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчката полиција при акција во саботата во атинскиот затвор пронајде пиштол и куршуми.

Според информациите, уапсени се 20 лица кои планирале бегство од затворот и сакале како заложник да земат затворски службеник

Од грчката полиција соопштија дека истрагата ја спровела Дирекцијата за борба против организиран криминал во затворот Коридалос во Атина, уапсени се 20 затвореници, а пронајденото оружје е испратено до Одделот за криминалистички истраги за лабораториско испитување.

Грчките медиуми пишуваат дека уапсените се Грци, Албанци и Турци и планирале бегство од затворот, а акцијата на полицијата била по добиени информации.