Пакетот мерки кои ги донесе Владата за справување со коронавирусот, започнаа да се применуваат и во затворите низ Македонија.
Забранети се сите посети во затворите, а затворениците се под посебни мерки и не може да користат слободен викенд.
„Согласно препораките на Владата забранети се посети во затворот и поволностите за слободни денови се скратени. Се внесуваат само пакети со готова храна која е дозволена. Набавена е течност за дезинфекција при влез и излез од затворот. Нема ниту еден затвореник со симптоми, ниту пак потврден случај на коронавирус“, изјави за ТВ21 Боби Мојсовски, директор на затворот „Идризово“.
Мерките на Владата ги почитуваат и останатите затвори во Македонија со кои контактираше ТВ21.
