Заврши седницата на Влада, нема барање за продолжување на вонредната состојба – избори на 5-ти јули

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Штотуку заврши владината седница која започна вечерва и на истата не е донесена одлука со која ќе се бара од Претседателот на државата, Стево Пендаровски продолжување на вонредната состојба, дознава ТВ21.

Со други зборови, ова значи дека по полноќ продолжуваат да течат изборните дејствија, односно изборите ќе се реализираат на 5-ти јули.