Вчера во Детската клиника се случи уште една успешна мисија. Малата Ана го победи коронавирусот и малигната болест.
„Нема поголема радост кога мајка си го гушка оздравеното дете особено ако станува збор за една опасница Ана, која како од шега отепа една Корона и една досадна малигна болест. Денеска сите на Универзитетска Клиника за детски болести потпевнуваа “Браво Ана – браво Ана ” ! Епа, навистина браво Ана!“, стои во пораката од Детската клиника.
