Збогум за ископувачите на криптовалути? Ако трошите повеќе струја ќе плаќате по скапо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

1% од домаќинствата трошат 200% струја, откри премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека ова е констатирано согласно направените анализи. Не рече директно дали овој 1% кои трошат 200% електрична енергија се бават со ископување на криптовалути, туку остава надлежните органи да го истражат тоа.

Токму од таа причина, вели Ковачевски треба да се направат тарифни модели за овие домаќинства да плаќаат повеќе, а другите помалку.

Една од мерките на Владата која ќе почне да се спроведува од 1 јули, со цел ублажување на кризата е и измената на методологијата за утврдување на цената за домаќинства и мали потрошувачи кои се на регулираниот пазар за електрична енергија. Инаку, во нашата земја полицијата неколкупати фати „копачи“ на криптовалути кои во повеќето случаи биле илегално приклучени на електричната мрежа, поради тоа што за копањето криптовалути се трошат поголеми количини струја.