Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, и локалната Цивилна одбрана објавија дека Израел го приведе директорот на клучната болница на северот на палестинската територија, која е уништена од повеќе од една година војна.
„Окупаторските (израелски) сили одведоа десетици членови на медицинскиот персонал на болницата Камал Адван, вклучувајќи го и д-р Хосам Абу Сафи, во притворен центар за сослушување“, соопшти Министерството за здравство.
Портпаролот на Цивилната заштита Махмуд Басал изјави за агенцијата Франс прес дека со апсењето на директорот на болницата Камал Адвин, десетици членови на медицинскиот и техничкиот персонал на болницата, како и директорот на Цивилната одбрана на северот, израелските сили целосно ги уништиле медицинските, хуманитарните и спасувачка база во северниот дел на Газа.
Израелската армија се уште не излезе со соопштение во врска со овој случај.
Светската здравствена организација во петокот објави дека болницата Камал Адван, дотогаш последната голема болница која функционираше во северниот дел на Газа, не е во функција по израелскиот напад врз членовите на Хамас во близина на објектот.
Израелската армија објави дека започнала операција против борците на Хамас во близина на болницата, која игра клучна улога во Појасот Газа, каде здравствените установи се во голема мера оневозможени во 14 месеци војна.
Во вчерашното соопштение израелската армија ја опиша болницата како „упориште на терористичките организации… користено како скривалиште за терористите“, што Хамас категорично го демантираше.
