Гаф е изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека ќе бара пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за да формира Влада, рече вечерва Зејди Реџепи во изборната дебата на ТВ21.
„Што се однесува на изјавата на лидерот на СДСМ, тоа според мене беше скандалозен гаф од кој се гледа неговата подготвеност да соработува со другата македонска коалиција, да и даде или добие пратеник од неа , само за да не изнајде можност и нашата албанска коалиција да не произнесе подготвеност за едно добро владино раководство. Тоа е гаф поради кој ќе мора да им се извини на Албанците, бидејќи во оваа држава не смее да се прави коалиција помеѓу македонските партии на штета на Албанците. Ние ќе продолжиме да говориме дека континуираната штета која им се прави на Албанците со дискриминирачката политика го предизвикува целиот овој хаос кај Албанците“, вели Зејди Реџепи во изборната дебата на ТВ21.
