Бркањето работници од Македонски железници- Транспорт кои беа вработени кога на раководна позиција беше кадар на Алтернатива, синоќа го коментираше и генералниот секретар на оваа партија Скендер Реџепи – Зејди. Тој го обвини сегашниот директор Аднан Азизи кој доаѓа од редовите на Движење Беса, велејќи дека работниците кои биле со договор на дело ги избркал во време на пандемија, тогаш кога најмногу им требала работа.
„Да бидеш директор на Железници, дури и да си оџа, си поголем измамник, но не си оџа, да играш со судбината на луѓето да ги бркаш од работа во истата институција, што никој не го направил претходно, тоа докажува дека ти и работата на оџата немате ништо заедничко, туку со измамништво, со играње и честа на луѓето“, истакна Скендер Реџепи.
Од кабинетот на директорот на Железници, Аднан Азизи велат дека не разбираат зошто има потреба да излезе Зејд Реџепи и да се занимава со Македонски железници – Транспорт кога го имаат генералниот директор Орхан Муртезани. Според нив тој направил долг од н 232 милиони денари. Велат дека разгледуваат можност за кривична пријава за клевета за Скендер Реџепи.
„Ја разбираме нервозата на Скендер Реџепи и неговата партија што се изгуби во сопствениот двор, но измамата која се обидува да и ја направи на јавноста сериозно ќе ја анализираме како и можноста за кривична пријава за клевета и невистинити изјави од негова страна“, вели Аднан Азизи.
32 вработени пред неколку недели протестираа барајќи средба со директорот барајќи да не бидат избркани од работа. Но директорот им рекол да аплицираат повторно кога ќе има конкурс и ќе бидат разгледани апликациите. Последниве денови Аднан Азизи објави и неколку фотографии со кои покажува дека вработил неколкумина нови работници.
