Скендер Реџепи – Зејди од Алтернатива вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 беше прашан дали ќе прават коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Тој рече дека со ВМРО-ДПМНЕ која тешко ќе се одвои од Груевски и СДСМ која ги измами тие од кои ги освои гласовите, тешко дека ќе има коалиција.
„Со тоа СДСМ што ги предаде тие од кои освои гласови и со ова ВМРО-ДПМНЕ кое не може да се раздели од Груевски, не гледам можност за соработка”.
