Сега откако Алтернатива излезе од Владата, пратеникот Скендер Реџепи кој некогаш беше дел од оваа партија, ветува дека од сега па натаму ќе биде застапник на договорот кој Алтернатива го потпиша при нејзиното влегување во Влада и дека ќе се сретне со премиерот за да поразговараат за една од точките, според него најчувствителната – барањето за меѓународна истрага за случаи за кои има сомнеж дека се политички мотивирани.
-Јас денеска сум претставник на тие гласачи, на тој договор во рамките на Владата. Денеска јас сум претставник, Алтернатива не е веќе. Денеска јас ја носам одговорноста за да се разгледаат околностите до каде е работата со меѓународните истражители. Јас ќе барам…-вели Реџепи.
-Зошто до сега не сте побарале?
-До денеска имаше главно одговорно лице, потпишувач на тој договор, а тоа не бев јас-изјави Реџепи.
Премиерот Димитар Ковачевски, прашан за оваа прашање, за ТВ21 изјави дека неговата цел е напредувањето на земјата и граѓаните, затоа тој може да разговара со секој пратеник за прашањата кои го тангираат него.
-Средби со пратениците, од различни политички партии и кои делуваат независно се нормална работа во една демократија. Во оваа насока може да има средба со било кој пратеник за прашања важни за граѓаните а коишто се во надлежност на Владата којашто ја предводам. Со господинот Реџепи сме имале и ќе имаме средби-вели КОвачевски.
Премиерот исто така нагласи дека останува отворен за соработка со партиите и пратениците кои се за продолжување на европскиот пат на земјата, кои ги поддржуваат реформите во економија и судство.
