Зеколи-Шаќири за патот Тетово – Призрен: Во Косово се понапред за неколку чекори, за овој проект издвоивме 2 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменичката министерка за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 објави дека за патот Тетово – Призрен се издвоени 2 милиони евра. Зеколи нагласи дека овој пат е од големо значење од економска перспектива, но и од туристичка гледна точка.

„Патот Тетово – Призрен е многу важен од економска перспектива. Имавме многу состаноци, Косово е чекор понапред, на почетокот на мојот мандат наидовме на меморандум за соработка меѓу двете влади, но тој не се помести ниту еден чекор во рамките на меморандумот. Успеавме да ја поминеме фазата на проектирање. За овој проект се издвоени 2 милиони евра во буџетот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за отворање на тендерот за главниот проект“, изјави Калтрина Зеколи на гостувањето во ТВ21.