Зеленски: Европа мора да биде енергетски независна од Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја повика Европа да стане уште понезависна од руските енергенси, откако балтичките земји се исклучија од руската енергетска мрежа. Тој ги предложи Блискиот Исток и Северна Африка како можни нови добавувачи.

„Москва нема повеќе да може да ја користи енергијата како оружје против балтичките земји“, нагласи Зеленски, откако Естонија, Летонија и Литванија објавија дека ги интегрирале своите мрежи кон европската мрежа по одвојувањето од рускиот енергетски систем.

„Ова е патот кој мора да го следиме сите во Европа“, изјави тој.