Зеленски: Извршен ракетен напад на зграда во Суми, меѓу загинатите има и деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку десет лица загинаа , меѓу кои две деца , а 51 се ранети во ракетен напад на руските сили врз градот Суми , во североисточна Украина , соопштија синоќа регионалните власти. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот на каналот Телеграм, објави „Киев Индипендент“.

– Ракетен напад врз деветкатница во Суми. Знаеме за загинати и ранети, меѓу кои има и деца. Моето сочувство до семејството и пријателите. Злосторникот мора да биде казнет за убиство на невини луѓе – напиша Зеленски.