Зеленски разговарал со Стармер, Макрон и Мерц – позицијата на Украина е значително посилна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володомир Зеленски на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека имал разговори со Кир Стармер, Емануел Макрон и Фридрих Мерц и дека сите забележале дека позицијата на Украина е значително посилна.

„Разговарав со Кир Стармер, Емануел Макрон и Фридрих Мерц во форматот Е3–Украина. Главниот фокус беше како да се обезбеди повторно заживување на дипломатијата за мир и Европа да биде дел од неа. Сите партнери забележуваат дека позицијата на Украина е значително посилна – и на бојното поле и во нашите операции со долг дострел. Ова е значајно, и токму ваквиот наш притисок може да предизвика промена кон правилна и ефикасна дипломатија. Се договоривме нашите советници за национална безбедност да се сретнат во блиска иднина.

Исто така, ги информирав лидерите за руските планови – во врска со Украина, Белорусија и други правци во Европа. Следиме сè што е поврзано со нивните политички и воени намери. Нашите тимови ќе разменат подетални достапни информации на разузнавачко ниво. Разговаравме и за комуникацијата со американската страна. Правиме сè за да обезбедиме вистински мир. Слава ѝ на Украина“, напиша Зеленски.