Зеленски: Размислуваме за состанок на лидерите на Украина, Русија, САД, ЕУ и Велика Британија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Володимир Зеленски изјави дека Киев и неговите партнери ја разгледуваат можноста за одржување состанок на лидерите на Украина, Русија, САД, земјите од Европската Унија и Велика Британија, како дел од напорите за ставање крај на војната на Русија против Украина.

Зборувајќи со новинарите во Киев по два телефонски разговор со Доналд Трамп, украинскиот претседател рече дека се надева оти средбата би можела да се одржи што е можно поскоро, а како можни домаќини се споменуваат Турција, Ватикан или Швајцарија.