Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека синоќа Русија лансирала речиси 300 дронови за напад, повеќето од нив Шахеда, како и 50 ракети од различни видови, од кои значаен дел биле балистички.
„Нападите се насочени кон Киев и регионот, Днепар, Кировоград, Николаев, Одеса, Полтава и Суми. За жал, едно лице загина во областа Фастив. Осум лица беа повредени, вклучувајќи едно дете. Главна цел на нападот беше енергетскиот сектор. Оштетени беа и обични станбени згради, а имаше и штета на железницата“, рече Зеленски во објава на Платформа X.
Тој рече дека „Москва продолжува да инвестира во напади повеќе отколку во дипломатија“.
