Зеленски: Секоја пауза во војната е добра, бидејќи го спречува губењето на животи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека смета оти секоја пауза во војната е добра, бидејќи го спречува губењето на животи.

„Не знам колку Русија има корист од ублажувањето на санкциите и тоа е загрижувачко, но најголемиот предизвик е губењето на луѓе. Ако можете да спасите животи, тоа е секогаш добро“, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен, кое беше објавено на платформата X.

Тој рече дека затоа Украина го поддржува прекинот на огнот.