Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека пристигнал во Вашингтон, каде што треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека сака да ја заврши војната брзо, но притоа да има траен мир.
„Сите имаме длабока желба брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна. Но, мирот мора да биде траен“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Икс“.
Тој треба да се сретне со американскиот претседател денеска, во присуство на европските лидери.
Пред состанокот, Трамп рече дека Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија „речиси веднаш“ и повторно ја отфрли можноста Киев да ја врати контролата врз Крим, како и да се приклучи кон НАТО.
