Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војската на Украина сега е побројна од руската на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск во средата. Според него, украинските вооружени сили брои 880.000 војници, додека руските сили во Украина имаат околу 600.000 припадници.
Зеленски објасни дека 880.000 украински војници ја бранат целата територија на земјата, додека руските војници се претежно концентрирани во одредени области. Бројот на украинските војници е значително зголемен во споредба со 2023 година, кога Зеленски изјави дека вооружените сили на Киев броеле 600.000 припадници, пишува Њусвик.
Украинската војска се состои од повеќе гранки, вклучувајќи ги копнените сили, воздухопловните сили, морнарицата, воздушните сили, маринците, специјалните сили и силите за територијална одбрана.
