Украинскиот претседател Володимир Зеленски и германскиот канцелар Фридрих Мерц разговараа, меѓу другото, и за прашањето за испорака на ракетите „Таурус“, но деталите за ова прашање нема да бидат објавени, бидејќи двајцата лидери се согласија да не зборуваат јавно „за одредени теми“.
Шефот на украинската држава го изјави ова во интервју за германскиот телевизиски канал RTL, пренесува Укринформ.
„Постојат одредени теми за кои се согласивме да не зборуваме јавно… Работиме во таа насока. Но, не можам да ви дадам повеќе детали. Му го ветив ова на канцеларот и го држам зборот“, рече Зеленски.
