Земјоделците добиваат 512 милиони денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплатени се над 512,5 милиони денари на 23.524 субјекти. Сите кои стекнале право на користење финансиска поддршка, во еден ден и без селекција ги добиија средствата кои им следуваат.

„Станува збор за исплата на следните мерки: директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот, и за оваа мерка исплатени се 411,5 милиони денари. На сметките на малите земјоделските стопанства кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години исплатени се 54,5 милиони денари, додека кај сите кои имаат заклани амортизирани несилии во регистриран кланичен капацитет исплатени се над 46 милиони денари“, велат од СДСМ.