Земјоделците од Преспа го блокираа патот – бараат исплата на оштетите и субвенциите од последните години

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во знак на протест излегоа на улица каде ја паркираа својата работна механизација. Револтот кон државата ги крена на нозе земјоделците од Преспа. Го блокираа главниот пат, со барање – надлежните власти да им ги исплатат оштетите и субвенциите. Големиот број на демонстрантите е јасен показател дека земјоделците уште од 2016 година се соочуваат со потешкотии. Претседателот на Здружението на градинари, Љубе Пампулески, вели дека освен парите за оштета и субвенции, бараа картичките за зелена нафта да ги добијат на почетокот на септември, бидејќи, како што велат, градинарите нема да бидат во состојба да почнат со собирање јаболка.

Револтираните демонстранти изгубија трпение чекајќи. Испратија бројни пораки до Владата, порачувајќи ѝ во рок од 48 часа да бидат исплатени средствата и да им се обезбеди пласман, со цел да можат да опстанат.

-Во Преспа е катастрофа. Државата не се труди за нас, ниту субвенциите не ни ги исплаќа. Бараме, но не ги земавме, вели демонстрантот Милаим Неџипи.

-Ако не ни се обезбеди пласман, значи извоз на јаболката на странски пазари, сѐ ќе биде залудно. Немаме потреба ние од помош, бидејќи ова е еден вид социјална помош. Мене државата не ми помага со 1.000 или 2.000 евра, кога јас 30-40 илјади евра инвестиција фрлам залудно, рече друг демонстрант.

Земјоделците ѝ дадоа рок на Владата до 29 август да ги пушти парите на сметка на општина Преспа, но, доколку тоа не се случи, како што најавија, ќе ги радикализираат протестите, а не е исклучена и можноста да дојдат во Скопје и да маршираат со нивната работна механизација.