Земјоделците тврдат: Не се проценети штетите – од Министерството го велат спротивното: Комисијата беше на терен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјоделците од општина Врапчиште чии посеви беа оштетени од градот и невремето на 5 јули, велат дека досега никој не излегол да направи проценка на штетите од регионалната единица на Министерството за земјоделство во Гостивар. Велат дека се уште не ги добиле минатогодишните субвенции а поради тоа не можат да ги продолжат земјоделските активности. Повикаа Владата и Министерството за земјоделство да им излезат на помош што поскоро.

„Овде има еден проблем бидејќи државата е многу слаба и им штети на сиромашните. Се околу 450-500 како мене. Без да биде комисијата, направиле дека демек биле. Ние ќе ангажираме адвокат и што ќе се направи не знам. Со земјоделство сме при крај бидејќи државата не ни помага“, вели Дашмир Азири.

„Не, не излегле, ветија но не излегоа. Никој не дојде. Вие сте биле? Да бевме, се заинтересиравме, ни ветија дека ќе дојдат, но никој не доаѓа, никој не дојде. Ги пријавивме штетите и никој не дојде. Колкава штета имате?30 хектари пченка и пченица. Дали се многу оштетени? Да, многу. Ги земавте субвенциите? Не, не сме ги земале. Чекавме 10-15 дена и само ветувања а нема никакво реализирање“, вели Абдирахим Илјази.

„Комисија беа само 2 лица од општината. Тие ги познаваме бидејќи се наши соселани и тие ги снимија штетите што ги направи градот. Ни рекоа да одиме во општина и бевме, ги пополнивме барањата и од тој ден никој не се јави. Што се направи и како, дали ќе се преземат мерки или не!“, посочи Газменд Сејдиу.

Од Кабинетот на зм.министерката за земјоделство, Вјолца Бериша, за ТВ21 рекоа дека комисијата излегла на терен и чекаат да се завршат постапките за потоа предметот да оди на владина седница.

„Општинската комисија излезе на терен и направи проценка на штетите. Извештајот на таа комисија треба да се достави во регионалната единица на министерството во Гостивар. По констатација на штетите, истиот ќе биде доставен во Министерството за земјоделство, каде министерството ќе бара од Владата обесштетување на оштетените земјоделци“, велат од министерството.

На 8 јули зм.министерката Вјолца Бериша направи увид на штетите од градот. Таа на земјоделците им вети дека комисија од министерството ќе излезе на терен и ќе направи проценка на штетите за потоа министерството да бара од Владата обезбедување на средства за обесштетување на земјоделците.