Земјотрес на Божиќно утро во Словенија, се почувствувал и во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,2 степени се почувствувал утрово во Словенија, кај местото Љутомер, 40 километри од Марибор. Бил почувствуван и во Хрватска, во близината на границата со Словенија. Како што известува словенечкото надлежно министерство, потрес од 1,5 степен се почувствувал и во Марибор.

Потресот ги разбудил Словенците и тоа на Божиќно утро. Според информациите, потресот бил со 4,2 степени, а потоа променет во 3,8 степени.

Земјотресот предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

„Добро тресеше. Креветот многу ми се тресеше, станав на нозе, не знаев што се случува“, стои во дел од коментарите.