Земјотрес со локална магнитуда од 3,0 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во охридско-струшкиот регион, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според податоците на опсерваторијата, потресот се случил во 05:36 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга.
Досегашните информации покажуваат дека земјотресот бил почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат до граѓаните кои го почувствувале потресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност на нивната веб-страница, со цел прибирање дополнителни податоци за сеизмолошките истражувања и анализа на настанот.
Засега нема информации за евентуални материјални штети или повредени лица.
