Земјотрес регистриран на границата помеѓу Кина и Киргистан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на границата помеѓу Кина и Киргистан.

Епицентарот на земјотресот бил на 242 километри југоисточно од Алмати, на длабочина од пет километи.

Досега нема информации за евентуално настрадани лица и причинета материјална штета.