Земјотрес со епицентар во близина на главниот град на Португалија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала, е регистриран во близина на португалскиот главен град Лисабон, соопшти Институтот за море и атмосфера на земјата.

Епицентарот на земјотресот бил на четири километри западно од општината Алекнер, 40 километри североисточно од главниот град.

Нема извештаи за сериозни штети.