Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја стресе источна Турција, објави во утрово Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот, според соопштението, бил на длабочина од 2 километри.
Првично беше објавено дека јачината на земјотресот е 6,4 степени.
Засега нема извештаи за штети или повредени.
