Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди јужна Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки со седиште во Потсдам (GFZ).
Епицентарот на земјотресот е детектиран во индонезиската покраина Сулавеси на длабочина од 101 километар, соопшти GFZ.
Засега нема информации за поголема материјална штета.
