Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на индонезискиот остров Суматра, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 76 километри во 15 часот и 57 минути. по локално време, соопшти EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил на 111 километри југоисточно од Меулабох.
