Земјотрес вечерва во Македонија, епицентар кај Маврово – „Кратко, ама јако“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 2,9 степени по рихтер вечерва во 22 часот и 43 минути е регистриран на територија на Македонија.

Според ЕМСЦ, земјотресот е со епицентар кај Маврово, а на длабочина од 1 километар.

Дел од тамошните жители пишуваат дека земјотресот бил краток, но јак, проследен со звук.