Земјотрес во Хрватска во близина на Сисак, се почувствувал и во Загреб

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во 10:58 часот утрово се случил нов земјотрес, кој се почувствувал и во Загреб.

Земјотресот бил со епицентар во централна Хрватска, 14 километри југозападно од Сисак, каде што пред крајот на минатата година се случи катастрофален земјотрес кој урна неколку куќи, при што загинаа четири лица.

Бил со јачина од 4,3 степени. Засега нема информации за штети.