Земјотрес во Индонезија, најмалку 42 загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 42 лица загинаа денеска во силен земјотрес во Индонезија, соопшти локалната служба за итни случаи.

Повеќе од 600 лица се повредени во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди островот Сулавеси. Околу 15.000 луѓе се евакуирани во привремени засолништа.

Спасувачките екипи се на терен и бараат преживеани од урнатините.

Неколку згради се срушени, вклучително и болници, а многу населби се без струја.

Официјален претставник на индонезиската служба за вонредни состојби изјави дека градот Мамују е најпогоден.

Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри јужно од тој град, на длабочина од околу 18 километри, соопшти Американскиот институт за геофизика.