Земјотресот во Албанија, кој се случи попладнево во 14:26 минути во близината на Скадар, бил почувствуван и во северозападните делови на нашата земја.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 14 часот и 26 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 170 km северозападно од Скопје. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.2, а беше почувствуван од населението во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.“, велат од сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
