Земјотресот во Хрватска почувствуван и во Србија, БИХ, Словенија, Унгарија па дури и во Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За силината на земјотресот во Хрватска, сведочат и лица од Словенија, кои го почувствувале, а бил регистриран и во Србија, БиХ, па дури и Унгарија, Австрија и Германија.

Голем број на луѓе се излезени на улиците низ Хрватска. Петриња е најмногу погоден од земјотресот, а помали материјални штети претрпе и Загреб, Сисак.

Земјотресот бил почувствуван и во Далмација, во Сплит и Дубровник, во северниот дел од Србија, па дури и во Белград. Со послаб интензитет се почувствувал и во Италија и Чешка.