Зголемен број на видови на животни околу Чернобил 35 години по хаваријата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во околината на Чернобил, каде што во 1986 година се случи најкатастрофалната нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, се враќаат животни, кои не биле таму пред хаваријата.

Хаваријата во нуклеарката придонесе за смрт на 100 лица во моментот на катастрофата, додека биле регистрирани 4 000 смртни случаи поврзани со радијацијата од електраната.

Дури 117 илјади лица беа евакуирани од областа, а градот Припијат е „мртов“ веќе 35 години.

Но, сменето е тоа што животни се враќаат во областа, три децении подоцна. Така е забележан европскиот бизон. Исто така забележан е и зголемен број на волци како и евроазискиот рис.

„Бројките на волци се седум пати поголеми од тогаш“, рече Џејмс Смит од Универзитетот во Портсмут кој го испитувал подачјето.

„Нашата камера исто така забележа и кафеава мечка и европски бизон. Повеќе од 60 видови животни се забележани“, објасни Бересфорд од британското министерство за екологија.