Зголемена радијација од финската нуклеарна централа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Финската агенција за нуклеарна безбедност (СТУК) објави дека нивото на радијација во нуклеарната централа Олкилуото на западот на земјата е зголемено, но дека ситуацијата е под контрола и дека зрачењето не излегува.

„Нема протекување на гориво во тој инцидент и сега нема повеќе загрижувачки нивоа на радијација во електраната“, соопшти агенцијата СТУК.

СТУК тврди дека зголемувањето на нивото на зрачење е забележано околу 13 часот по локално време, пренесуваат агенциите.

Регистрираното повисоко ниво дојде од просторија што бележи високи нивоа на зрачење при нормално работење, а ниту еден работник во електраната не беше изложен на тоа, додаде финскиот министер.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека СТУК го известила за инцидентот и ќе обезбеди повеќе информации кога ќе стане достапен.

Електраната „Олкилуото 2“, со моќност од 890 мегавати, е затворена до сабота, објави компанијата ТВО што управува со неа.