Зголемената цена не е политичка одлука – директорката на МЕПСО: Струјата не треба да биде социјална категорија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зголемувањето на цената на струјата не е политичка одлука децидна директорката на МЕПСО. Според неа зголемувањето е наметнато од реалните приливи и трошоци на МЕПСО. Директорката Шуклева согласна, дека во државата постои социјална категорија на луѓе, на кои тешко ќе им падне поскапувањето на цената на струјата.

„Да постои социјална категорија која може да се субвенционира со различни пакети од државата меѓутоа не и струјата. Струјата не треба да биде социјална категорија … Затоа МЕПСО не може,не дека не сака. Ние знаеме каква е ситуацијата во државата ,сите нас и мене ми е поскапена струјата, врз сите влијае тоа. Меѓутоа компанијата мора да продолжи да работи.“, вели Ева Шуклева.

Од 70 проценти колку што АД МЕПСО има побарано во делот на покачување на струјата, компанијата добила само 11 проценти.

„Знаевме дека тоа е непопуларна мерка. Нашиот дел кој го побаравме 70 посто, а добивме 11 посто во некоја просечна сметка ќе влијаеше 23 денари тоа беше нашата пресметка ние побаравме 70 посто добивме 11.Нашиот удел во поскапувањето е некои си 5 денари. Не веруваме дека поскапувањето на електрична енергија ќе влијае врз потрошувачката.“, рече Шуклева.

АД МЕПСО учествува со само 4,2 проценти во вкупната цена на електрична енергија, вели Шуклева. Не можат да отстапат од барањето за покачување на струјата, затоа што потоа, како што вели , некој од нив ќе побара одговорност од за реалното претставување на трошоците.

Инаку, во иднина компанијата ќе ја менува старата високо напонска опрема . Токму од таа причина МЕПСО понекогаш плаќа пенали за ненавремено испорачување на енергија, посочи Шуклева. Компанијата како што информира директорката се соочува со исплаќање на голем дел кредити, а има и намалени приходи поради Ковид кризата. Инаку МЕПСО денеска потпиша договор со хрватски Далекувод за реконструкција на трафостаницата во Битола.

„Реализацијата на капитални инвестиции во електропреносниот систем е од круцијално значење за стабилен енергетски систем а преку тоа и стимулирање на целокупниот економски раст.“, рече Бочварски.

Во проектот се вложуваат 3,2 милиони евра, финансирани со заем од ЕБОР и сопствени средства на АД МЕПСО. Рокот на изведба на проектот е три години.