Зголемени мерките за безбедност во Белград по нападот на израелската амбасада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зголемени мерки за безбедност се на сила во главниот град на Србија, Белград после нападот на израелската амбасада.

Лице го ранило полицаецот кој ја обезбедувал амбасадата, по што го извлекол службениот пиштол, пукал во напаѓачот, кој починал 30 минути по инцидентот.

Полицаецот е пренесен во болница и врз него е извршен оперативен зафат.

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ истакна дека ова е терористички напад.

„Најостро го осудувам грозоморниот терористички напад во Белград, пред израелската амбасада. Државата решително ќе одговори на заканата од тероризам. Секој што мисли дека може да не дестабилизира со такви непостапувања, греши“, рече премиерот.