Зголемено нивото на опасност во Лондон – можноста за терористички напад „многу веројатна“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нивото на закана за тероризам во Обединетото Кралство ќе биде зголемен од „значаен“ на „сериозен“.

Тоа би значело дека можниот напад е оценет како „многу веројатен“, пишува „Скај њуз“.

Одлуката за зголемување на нивото на опасност ја донесе Центарот за анализа на тероризам која ја сочинуваат стручњаци за борба против тероризмот од полицијата, Владата и безбедносните агенции.

До ова дојде после терористичкиот напад во Виена синоќа кога настрадаа четири лица, како и терористичкиот напад во Ница, кога животот го загубија три лица.