Зголемување од 2.806 денари за хигиеничар до премиер – работниците со протест го одбележаа Светскиот ден на трудот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Платите да се зголемат младите да останат“ е една од пораките упатени до Владата од ССМ на денешниот протест кој најавуваат дека многу лесно ќе стане штрајк ако не се исполнат нивните барања. На светскиот ден на трудот побараа поголеми плати уште утре, согласно законот за минимална плата кој предвидува скалесто покачување на сите отанати.

„Еве ние ќе бидеме фер, бидејќи само кукате дека немате пари ќе ви предложиме линеарно зголемување на платите од 2 806 денари од хигиеничар до претседател на владата“, вели Дарко Димовски.

Работниците пред влада ги пречекаа вицепремиеротѕ з аекономски прашања и министерката з а труд и социјална политика ветувајќи им подобра иднина и поголеми работнички права.

„Никој не треба да заборави дека работникот е на прво место. Ние како влада велиме дека човечкиот капитал е пред се, ние немаме други богатства вие сте нашето богатсво и зтаоа ќе направиме се за било кој работник без разлика дали е од приватниот или од јавниот сектор достоиствено да биде платен“, порача Фатмир Битиќи.

„Како влада како министерство надлежно за трудот, ветувам дека заедно ќе ја продолжиме борбата за унапредување на работничките права, за достојни услови на работникот и поголеми плати“, вели Јована Тренчевска.

Димовски потсети дека екомонската криза ги изеде платите, а инфлацијата секојдневно расте. Предупредија да се повлече претставката за недела неработен ден, бидејќи работниците не се робови и да работат секој ден од неделата. 

Првомајскиот протестен марш започна пред ССМ, продолжи пред Собрание, па ССК, за да заврши пред Влада. ССМ на 7-ми февруари се договорија со владата за зголемување на минималната плата на 18 000 денари, но и скалесто покачување на сите останати што не се реализира.