Зградата на МНР во боите на НАТО – Османи: Заедно со останатите 29 сојузници стоиме обединети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави фотографија од Министерството обоено во боите на НАТО.

„Во пресрет на Денот на НАТО, ја осветливме зградата на МНР заедно со други владини институциите во боите на Алијансата, со цел одбележување на 73 годишнината од формирањето на НАТО. Заедно со останатите 29 сојузници стоиме обединети и одлучни во определбата за зачувување на европската и трансатлантска безбедност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици“, пишува Османи.

Тој додава дека како кредибилен НАТО сојузник остануваме посветени во креирањето значајни одлуки и заложбите за одбрана на мирот, безбедноста, слободата и демократскиот просперитет.