Апликацијата на хемофилтрација не е незаконска, истакна Жан Митрев, сопственик на приватната клиника која го носи неговото име. Тој вели дека со оваа метода се спасени луѓе кои биле во тешка здравствена состојба поради компликации од Ковид 19 и дека степенот на успешност на третманот на пациенти е 75%. Методата е докажана и применувана и претходно кај нас, нема потреба за експерименти, додаде тој.
При хоспитализација на пациентите со Ковид, било потребно да се остави депозит од 12 илјади евра, за кои докторот тврди дека им се вратени на пациентите.
Митрев се сомнева дека сторијата “Нечиста крв“ е направена тенденциозно со цел да се наруши неговата репутација. Со ова клиниката претрпела загуба од 100% поради што сопственикот подигнал кредит од 4 илјади евра за соочување со кризата.
Обвинителството на 18 јули оваа година, отвори предмет откако ИРЛ објави документ за работата на клиниката Жан Митрев и лекарот Жан Митрев, а од МЗ рекоа дека потребан е една и пол година за професионална проценка.
