Жена избркана од работа без причина – двојно пораснат бројот на кршење на работничките права

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Двојно зголемен бројот на пријави за злоупотреба на работниците на работните места, во споредба со декември минатата година, покажува извештајот на Хелсиншкиот комитет. Во месец декември имало 35 пријави за кршење на правата, при што во најголем дел се јавиле девојки и жени, 77%, а мажи 23%.

Конкретен пример е жената која во месец декември беше избркана од работа, а била на боледување. Одлуката не содржела никаква причина за ваквата одлука на работодавецот.

Дрпљанин вели дека работниците во поголемиот број од случаите остануваат сами и немаат заштита од системот.

Според Дрпљанин, девојките и жените се похрабри што се однесува до пријавување на кршењето на нивните права на работното место. Во декември минатата година имало само 16 кршења на нивните права, а оваа бројка постојано расте од почетокот на пандемијата во нашава земја.