Жена од Прилеп измамена за 700.000 денари преку социјални мрежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жена од Прилеп пријавила во полиција дека станала жртва на интернет измама, откако со месеци испраќала пари на лице со кое комуницирала преку социјална мрежа, верувајќи дека му помага да го лекува своето болно дете.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 14 јули во 14:30 часот во ОВР Прилеп. Пријавителката навела дека комуникацијата започнала во февруари годинава, а соговорникот во повеќе наврати побарал финансиска помош, тврдејќи дека средствата му се потребни за лекување на неговото дете.

Верувајќи во приказната, таа во неколку наврати му исплатила вкупно околу 700.000 денари. Подоцна сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.