Шеесетгодишна жена од Вилнсдорф во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија денес беше убиена од гром на ливада, соопшти локалната полиција.
Според „Билд“, таа била погодена од гром веднаш откако таа и нејзиното куче зеле коњ од пасиште во близина на населбата.
„Немало очевидци, освен нејзините животни. Потоа тие истрчале кон други минувачи“, изјави портпаролот на полицијата.
Тој додаде дека жената е пронајдена во 10:00 часот наутро и дека непосредните обиди за реанимација биле неуспешни.
