Жешка политика во време на пандемија – ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ против свикувањето на Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се против свикувањето на итна седница во Собрание.

Во вчерашната издание од дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, Артан Груби рече дека СДСМ ги информирала дека почнале иницијатива, но не и за составот на истата.

Груби исто така рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети само сакаат да се почитуваат постапките и да нема злоупотреби како во минатото.

„Ние како политичка партија, ниту нашиот лидер Али Ахмети, немаме никаков проблем освен да се почитуваат постапките, Правилникот, Уставот и законите на оваа земја и да не се постават процедури кои утре можат да се злоупотребат во различни ситуации, како што имавме во минатото“, вели Артан Груби.

Ремзи Мехмеди од АА вели дека ДУИ не сака да се врати во Собрание поради тоа што некои нешта можеби нема да им одат во нивна корист.

„Можеби може да мислат дека преку ваквото функционирање, каде Владата директно и брзо може да донесе некои акти со законска сила. Мислат дека се многу застапени, а доколку има поширока дебата во Собрание, некои нешта можат да не им одат во нивна корист како што се обидува да ги користи и во ова време на криза за политички поени и за дневна политика“, додава Ремзи Мехмеди.

Од друга страна, Мухамед Зекири од СДСМ вели дека лидери на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не им дозволил на пратениците да се вклучат во иницијативата бидејќи, како што рече тој, се плаши дека може да предизвикаат проблеми бидејќи повеќето од сегашните пратеници не се во листа за пратеници на следните избори.

„Мене ме зачудува фактот зошто пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не настојуваат и не се вклучија на иницијативата во ваков случај. Или имаат наредба од претседателот на нивната партија да не направат такво нешто имајќи предвид дека најголемиот дел на сегашните пратеници не се во листата на пратеници за следните избори, така да можат да предизвикаат проблеми и затоа не им дозволува“, истакнува Мухамед Зекири.

Пратеникот Груби смета дека унифицирањето на партиите е направено против ДУИ.

„Малку е чудно сето ова унифицирање на партиите…“, додава Артан Груби.